Здрав сладолед
Состојки за четири порции: 4 банани, 50 мл бадемово млеко, 2 лажици јаворов сируп (по желба), 125 гр боровници, јагоди или малини, ореви; бадеми, лешници по желба.
Подготовка: Бананите исечкајте ги на поголеми парчиња и ставете ги најмалку три часа, а најдобро преку ноќ, во замрзнувач. Замрзнатите банани заедно со свежото овошје ставете го во миксер и додајте малку бадемово млеко, заедно со сирупот, оставајќи малку овошје и за декорација. Матете со миксер додека смесата не биде мазна. Готовиот сладолед ставете го во калапи за сладолед и стапче и повторно замрзнете го ако сакате да биде на стапче.
View this post on Instagram
Мус од авокадо со какао
Вегански десерт, кој не содржи лактоза и гликоза и совршен за секој период од годината.
Состојки за две порции: 1 авокадо со средна големина, 1 банана, 2 лажици какао, 1 лажичка јаворов сируп или мед
Подготовка: Авокадото преполовете го, отстранете ја коската и одвојте ја пулпата од кората. Заедно со другите состојки ставете во миксер, односно блендер сè додека не добиете кремава смеса. Распределете во чинии за десерт и на крајот додајте бадеми, ореви, лешници или свежо овошје по желба.
Бомбици од хималајска сол и темно чоколадо
Потребно: 1/2 шолја бадеми, 3/4 шолја урми, 1 лажица кокосово масло, 50 грама темно чоколадо (70 или 80% какао), хималајска сол
Подготовка: Урмите ставете ги во врела вода да отстојат околу 30 минути. Бадемите сомелете ги, додајте ги процедените урми и кокосовото масло, па матете додека не добиете смеса која се поврзува на допир, односно притисок. Обликувајте бомбици и ставете ги во замрзнувач додека го топите чоколадото.
Извадете ги бомбиците и ставете ги во чоколадото . Вака подготвените бомбици наросете ги со хималајска сол и ставете во замрзнувач околу 10 минути. Потоа, префрлете ги во ладилник до моментот на сервирање.
Поради натриумот што се содржи во солта, вкусот на чоколадото ќе биде уште поинтензивност и солта ќе биде како зачин кој во спој со чоколадото создава нијанси на вкус кои се неодоливи.