Трилече – брзински рецепт

За подготовка на овој десерт нема да ви е потребно многу време.

Трилечето според овој рецепт се подготвува на едноставен начин и не чини многу.

Состојки

тесто

10 јајца

10 лажици шеќер

10 лажици брашно

прелив

1 литар млеко

500мл слатка павлака

500мл кондензирано млеко

300гр готов карамел

Подготовка

Се кршат  јајцата со шеќерот и се додава брашното, лажица по лажица за да се изедначи смесата. Се пече во длабок плех 20×30.

На страна се мешаат трите млека и кога пандишпанот е готов со печење, се прелива.

Се сече на коцки и се става карамел ( готов карамеил)

Scroll to Top