Трилече, колач со три вида млеко

Потребни состојки:

Тесто:
2 чаши брашно
1 и 1/4 чаша шеќер
6 јајца
2 ванили
1 пециво

Млечен прелив:
1 л. млеко
500 мл. слатка павлака
150-200 гр. кондензирано млеко

Глазура:
Готов карамел

Начин на подготовка:

Во два посебни сада разделете ги белките од жолчките. Жолчките изматете ги со 1/2 од шеќерот и 1 ванила. Белките изматете ги со останатата половина од шеќерот и другиот ванилин шеќер. Соединете ги двете смеси. Во посебен  сад спојте ги брашното со прашокот за печиво, па постепено со лажица додавајте ги во смесата со јајцата. Мешајте со дрвена лажица и ставете ја смесата во тава за печење. Печете 10 минути во претходно загреана рерна на 200 степени, а потоа намалете ја температурата на 170 степени и печете уште 20 минути. Откако ќе биде готов пандишпанот, оставете малку да се излади, па издупчете го со чепкалка за заби. 6. Сите три видови млека измешајте ги во длабок сад, но со лажица, не со миксер. Еден мал дел од преливот истурете го во тавата во која претходно се печел пандишпанот па врз него вратете го изладениот пандишпан. Одозгора прелијте го со останатиот прелив. Оставете неколку часа пандишпанот убаво да ја впие течноста, па одозгора премачајте го со готовиот карамел.

 

Scroll to Top