Направете вкусни цепкани пиперки во тегла за зимата. Ставете и лукче, по желба.
Ви требаат 5 килограми пиперки, 5 лажици оцет, 1 лажица морска сол, 1 главица кромид, 100 милилитри масло.
Пиперките се печат на плотна, се лупат и чистат, се цепкаат и се ставаат да се цедат на решетка околу час. Се става масло во шерпа, па кога ќе се загрее пиперките со сол.
Се пржат околу еден час, па се додава оцет, ситно сечен кромид, па се става се во тегли и се затвараат. Се оставаат 90 минути на 90 степени во рерна.