Ванилици со џем

Потребни состојки:

200 гр маст
4 лажици шеќер
1 јајце
1 жолчка
сок и рендана кора од лимон
500 гр брашно (или 100 гр мелени ореви со 400 гр брашно)
шеќер во прав (за валкање на ванилиците)
џем (по вкус)

Начин на подготовка:

Пенесто изматете ја маста. Потоа додадете ја жолчката и едно цело јајце, сокот и кората од лимонот. Во таа смеса додадете го брашното, замесете тесто и оставете го малку да отстои. На даска што претходно сте ја наросиле со брашно, развлечете кора со дебелина од околу половина до еден сантиметар. Со модла вадете мали парчиња, а потоа редете ги во подмачкано тавче. Печете на 180 степени, околу 15 до 20 минути. Парчињата треба да останат бели. Кога ќе се изладат, ванилиците премачкајте ги со џем и составувајте ги две по две. На крајот извалкајте ги во шеќер во прав.

Scroll to Top