Вегетаријански плескавици од тиквици

Состојки:

  • 750 гр изрендани тиквички
  • 250 гр фета-сирење
  • 2 лажички микс од зачини
  • сол
  • црн пипер
  • 120 гр спелтино брашно
  • 2-3 јајца
  • 4 парчиња млад кромид
  • грчки јогурт

Подготовка:

Тиквичките се рендаат и посолуваат. Се оставаат да отстојат десетина минути и добро се цедат. Се соединуваат сите наведени состојки и добро се промешува. Од смесата се формираат плескавици. На загреано масло се пржат плескавиците додека не поруменат. Се пржат како уштипци. За тие што сакаат да избегнат пржење во длабоко масло, плескавиците можете да се испечат и во рерна на 180 степени околу 45 минути.

Scroll to Top