Велигденска торта

Состојки:

  • 150 грама мелени бисквити
  • 100 грама мелени ореви
  • 100 грама растопен путер
  • 100 грама суво грозје потопено во рум
  • 100 грама желе бонбони
  • 2 лажици млеко или сок
  • 200 мл слатка павлака
  • 100 грама кисела павлака
  • 1 ќесичка желатин
  • ореви или чоколадо за декорирање
  • 500 грама јагоди или друго овошје (малини, капини, банани)

Подготовка:
Ставете ги мелените бисквити во сад, додајте ги оревите, сувото грозје и исечканите желе бонбони. Додајте ги растопениот путер и 2 лажици сок или млеко. Мешајте ја смесата додека не се соедини. Турете ја смесата во плех и притиснете ја со лажица до дното за да ја израмните.

Оставете ја смесата да стои во замрзнувач 30 минути. Во меѓувреме, изматете ги слатката и киселата павлака. Стопете го желатинот како што пишува во упатството за употреба и полека додајте го шлагот. Внимавајте да не ја изматите киселата павлака премногу и да се направат грутки. Наредете половина сантиметар шлаг на смесата од замрзнувачот и потоа наредете јагоди. Додајте го остатокот од шлагот и израмнете. Одозгора ставете чоколадна глазура или мелени ореви. Оставете ја тортата да отстои во фрижидер преку ноќ.

Scroll to Top