Венец-погача со спанаќ и сирење

By

Потребни состојки:

750-800 г брашно,
30 г свеж квасец,
1 јајце,
10 лажици масло,
1 лажичка шеќер,
2 лажички сол,
250 мл млако млеко
200 мл млака вода

Фил:

400-500 г исчистен спанаќ,
250 г ситно сирење,
1 белка и сол по вкус,
1 жолчка за премачкување и сусам за наросување и 125 г за премачкување

Начин на подготовка:

Од наведените состојки се замесува мазно тесто. Се покрива со крпа и се остава да одмора 20-30 минути. Стасаното тесто се префрла на набрашнета работна површина и со помош на оклагија се формира кора, се премачкува со омекнат маргарин, а потоа се сече кората во круг на неколку места како зраци.

Се преклопуваат сечените делови кон средината и секој дел се премачкува со маргарин. Се остава во фрижидер да се излади 10-ина минути.

За фил: Се обарува исчистениот спанаќ, а потоа се процедува и ситно се сечка. Се притиснува со рацете за да остане што помалку течност во него. Во еден сад се става ситното сирење, па се додаваат спанаќот, сол по вкус и една белка. Се промешува.

Тестото го враќаме на набрашнета површина и формираме правоаголна кора со должина од 70 см. Тенко ја премачкуваме со омекнат маргарин, а потоа рамномерно го нанесуваме филот. Кората ја виткаме како ролат и нежно ја притискаме со рацете.

Калапот за печење бр. 28 го премачкуваме со маргарин, па формираниот ролат го ставаме во круг, ги соединуваме краевите и формираме венец. Се покрива со крпа и се остава да стасува и да се удвои околу половина час.

Жолчката се мати со малку млеко и масло, па со четка се премачкува венецот. Со ножици се засекува на растојание од 4 см и длабочина 1,5 см. Се наросува со сусам и се остава уште 10 минути.

Потоа се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35-40 минути, а ако е потребно и повеќе (погачата треба да биде добро печена на дното од калапот).

Печивата со фил се печат малку подолго од вообичаено и не треба да стојат по печењето долго во калапот. По 5 минути, извадете го венецот на хартија за да не се создаде пареа (влажност). Топлата погача се премачкува со коцка путер и се остава да се лади.

Се послужува со јогурт, кисело млеко, но може и без ништо зашто многу е вкусна и сама по себе.

Ќе ви се допадне

WCOStream wcostream one piece: High-Rise Invasion (https://wcostream.cc/m/zqNG) Episode 12

4Anime watch animes: Watch The Promised Neverland Season 2 Episode 5.5 Episode Full