(Видео) Чорба со зеленчук

Состојки:

  • пиперка
  • ситно исечкан кромид
  • 2 изрендани моркови
  • 1 мал компир исечкан на коцки
  • 1 корен од целер исечкан на коцки
  • корен од магдонос исечкан на коцки
  • малку брокула
  • малку грашок
  • можеби грст боранија
  • масло
  • бибер и сол
  • 50 гр ориз
  • лист од магдонос

Подготовка: Прво пропржете ги кромидот и морковот во масло. Кога ќе се издинста, додадете ги компирите, како и сите други зеленчуци. Истурете вода и оставете да се вари 20 минути. Додадете ориз да се довари уште 10 минути. Накрај додадете бибер и сечкан магдонос.

Scroll to Top