(Видео) Домашна бајадера со црно и бело чоколадо

Потребни состојки:

180 мл. вода
180 гр. шеќер
75 гр. маргарин
200 гр. мелени кикиритки
250 гр. мелени бисквити
80 гр. црно чоколадо
100 гр. бело чоколадо
120 гр. чоколадо за глазура
2 лажици масло

Начин на подготовка:

Се ренда црното чоколадо. Во длабок сад се ставаат водата и шеќерот. Откако ќе зоврие се става маргарин и се остава да се растопи. Смесата се трга од оган. Внатре се ставаат кикиритки и 200 грама мелени бисквити. Смесата се дели на два дела. Во едниот се става рендано црно чоколадо, во другиот 50 грама бисквити што останаа. На плех се се става хартија, па врз неа светлата смеса. Во микро се топи белото чоколадо, па се става врз слојот на плехот. Се става во ладилник да остине. Откако ќе се извади од ладилникот, се става делот со темното чоколадо и се рамни. Се прави глазурата во микро и се става најгоре. Бајадерата се сече на коцки.

Scroll to Top