(Видео) Леден колач од јагоди

Потребни состојки:

– 300 мл. засладена слатка павлака – 800 гр. јагоди – 150 гр. сечкани јагоди – 300 гр. бисквити – шеќер во прав.

Начин на подготовка:

Изматете ја слатката павлака, а потоа изблендирајте ги јагодите и додајте ги. Добро промешајте, па додајте ги и сечканите јагоди.

Обложете сад со проѕирна фолија и ставете ги бисквитите на дното. Истурете ја смесата со јагоди, па одозгора додајте уште еден ред бисквити. Покријте со фолија и оставете во замрзнувач околу 4 часа. Посипете со шеќер во прав.

Scroll to Top