(Видео) Печен компир со шунка и кашкавал

Потребни состојки:

1 кг компири
малку масло
сол по вкус
200 гр кашкавал
100 гр шунка или сувомеснато по избор
2 шолји павлака за готвење или бешамел сос

Начин на подготовка:

Компирите излупете ги и исечкајте ги на ленти но не до крај, компирите треба да останат составени на дното. Премачкајте ги со масло со помош на четка, посолете и печете во рерна на 200 степени околу 1 час. Дел од кашкавалот и шунката исечкајте на парчиња па редете во засеците на печените компири (шунка-кашкавал-шунка и така додека не ги наполните сите компири). Потоа прелијте сè со бешамел сос и посипете со останатиот рендан кашкавал. Печете уште 20 минути на 200 степени.

Scroll to Top