Брз и лесен рецепт за сите вегани и за сите останати што не конзумираат риба или млечни производи.
Состојки:
- 1 лименка леблебија
- 50-60 гр вегански мајонез
- сок од половина лимон
- 1/2 црвен кромид
- 1 дршка целер
- сол
- 1 лажица ленено масло
- по желба: Нори алги
Подготовка:
Прво се сецкаат кромидот и целерот на мали парчиња. Се става леблебија во сад и се пасира со вилушка. Потоа леблебијата се меша со другите состојки. Може да се додаде и нори алги за подобрен вкус на море и повеќе хранливи материи, но не мора. Исто така, не е потребно да се користи ленено масло, но сепак на јадењето му дава рибен вкус и е одговорен за омега 3 киселините што инаку се добиваат преку риба.
View this post on Instagram