Вкусна летна тава

Потребни состојки:

150 гр пиперки
200 гр моркови
300 гр модар патлиџан
2 лажици масло
100 гр кромид
300 гр бамја
малку чубрика
малку сол

Начин на подготовка:

Исечканите кромид, моркови и пиперки ставете ги во тава да се динстаат околу 2 минути. Додадете ги исчистените бамји и динстајте уште околу една минута. Зачинете со сол и чубрика.

Во меѓувреме излупете ги модрите патлиџани и исечете ги на не многу тенки ленти. Ставете ги во тава премачкана со масло и печете ги во рерна околу 10 минути за да омекнат. Немојте да ги пржите, бидејќи ќе впијат многу масло и целата тава ќе стане премасна. На крај, во земјена тава наредете во следниов редослед: половина од модрите патлиџани на дното, врз нив истурете ги динстаните зеленчуци, а најгоре повторно наредете ги преостанатите парчиња модар патлиџан. Ставете ја тавата во рерна да се потпече околу десетина минути. Послужете додека е топло.

Scroll to Top