Вкусни брускети помодоре

By

Брз и вкусен рецепт кој е идеален како предјадење, а особено кога ќе ви дојдат гости. Можете да ги послужите со даска со млечни, сувомеснати, намази, макала или поховани производи.

 

Еве кои состојки ви се потребни:

4 поголеми домати

босилок

сецкан лук по желба

сол и бибер

2 лажици маслиново масло

2 лажици винска киселина

 

Начин на готвење:

Се земаат доматите и се ставаат во сад со зовриена вода околу 1 мин за да омекнат и да се излупат.Потоа, секој домат се сече на 4 парчиња и се отстрануваат семките.

Доматите се сечат на мали коцки.Се ставаат во сад каде се додаваат босилокот, лукот, зачините, маслиновото масло и оцетот. Измешајте го и ќе добиете фил.

Во тавче се редат брускетите со страната на која се претходно премачкани со маслиново масло надолу.Се ставаат да се печат во претходно добро загреана рерна.

Откако ќе се запечат во рерната се превртуваат и на намачканата страна со маслиново масло се става од претходно направениот фил од домат.

 

 

Ќе ви се допадне