Брзо подгответе вкусен ручек за целото семејство!
Состојки: 500 грама пилешко филе, 1 л павлака за готвење, 2 кесички инстант супа од шампињони.
Начин на подготовка: Во огноотпорен сад наредете исечкано пилешко, потоа посипете со супа од кесички и налијте павлака за готвење.
Ставете во рерна на 200 степени и печете додека не порумени.
За помалку од половина час ќе имате совршен ручек!
Добар апетит!