Здрави продукти што треба да ги јадеме за време на постот за да го одржиме доброто здравје

Постот е исклучително здрав за телото, но само ако се јадат здрави и балансирани оброци.

Постот на вода или постот на масло често знаат да нè збунат околу тоа што да јадеме, а да останеме сити и здрави.

Нутриционистите советуваат дека во постењето клучни се 3 намирници кои треба да ги внесувате. Се работи за одредени видови зеленчук, риба и ориз.

Кога го планирате оброкот, мора да ја гледате пошироката слика. Односно, тој мора да содржи здрав јаглехидрат, протеин и зеленчук.
Тоа може да биде интегрален ориз, кој е јаглехидрат со ниско ниво на шеќер. Потоа, масна риба како што е скушата, и прокељ како доза зеленчук

За јаглехидрати може да ги искористите и мешунките, како грав, леќа и грашок или како база на оброкот да искористите тиква, компири, цвекло или моркови.

Протеините се веќе содржани во погоре споменатите мешунки и во рибата, но и во намазот од наут – хумусот. Протеините може да ги внесете и во облик на јаткасти плодови, соја или семки. Авокадото е уште еден добар избор.

За зеленчуците нема никакви ограничувања.

За десерт, може нешто природно слатко, без додаден шеќер – се препорачуваат бобинки, кои може да бидат свежи или замрзнати, грејпфрут или портокал и киви.

Scroll to Top