СОСТОЈКИ:
250 гр кори за пита
250 гр сирење
25 гр маргарин
80 мл масло
3 јајца
150 мл минерална вода
ПОДГОТОВКА:
Спремете вангла со ладна вода и ставете ги корите за да бидат сочни. Изматете во сад јајца со масло, па изронете сирење.
Премачкајте плех со маргарин и ставете кора. Ако е скината од водата не грижете се. Ставете фил и ставете нов слој мокри згужвани кори. Така додека не ги потрошите корите и состојките.
Горе завршете со кора. Ставете парчиња маргарин горе да биде мека, па печете на 180 степени додека не добие златна боја.
Извадете ја ставете и минерална вода, па покријте ја со крпа и нека стои 15 минути.