Згужвана пита со кисела вода

СОСТОЈКИ:

250 гр кори за пита

250 гр сирење

25 гр маргарин

80 мл масло

3 јајца

150 мл минерална вода

ПОДГОТОВКА:

Спремете вангла со ладна вода и ставете ги корите за да бидат сочни. Изматете во сад јајца со масло, па изронете сирење.

Премачкајте плех со маргарин и ставете кора. Ако е скината од водата не грижете се. Ставете фил и ставете нов слој мокри згужвани кори. Така додека не ги потрошите корите и состојките.

Горе завршете со кора. Ставете парчиња маргарин горе да биде мека, па печете на 180 степени додека не добие златна боја.

Извадете ја ставете и минерална вода, па покријте ја со крпа и нека стои 15 минути.

Scroll to Top