Анксиозност: Kои се симптомите и како се чувствувате во тие моменти?

Анксиозноста може да се дефинира како константно нервозно исчекување дека нешто лошо ќе се случи!

Пример за анксиозност:

  • Дека нешто лошо ќе ни се случи нам или некој кој ни е близок;
  • Да не се посрамотиме во друштво;
  • Дека нема да успееме успешно да ја завршиме зададената задача на работа;
  • Дека нема да успееме да ја платиме ратата за кредитот или  сметките до крајот на месецот.

Како се чувствува анксиозната личност?

Нервозно, очекува дека нешто лошо ќе се случи во секој момент, а дека нема да може со тие последици да се избори. Доаѓа до страв. Личностите кои се борат со анксиозност често имаат чувство дека ќе „експлодираат“ и дека ќе изгубат контрола.

Автоимуниот систем полесно се активира кај личностите кои имаат анксиозност, отколку кај останатите луѓе. Па не е чудно ако анксиозните личности се исплашат на некој изненаден знак кој во нив изразува низа други симптоми (брзо отчукување на срцето, потење, плачење…)

Како можете да ја препознаете анксиозноста?

  • Преку фобиите (страв од висина, затворен простор…);
  • Напади на паника;
  • Низ генерализираната анксиозност (таканаречена претерана грижа);
  • Здравствена анксиозност (страв од болести и смрт);
  • Опсесивно-компулсивно нарушување (кога личноста повторува одреден ритуал затоа што верува дека ќе ја заштити, односно ќе го намали нејзиниот страв);
  • Психосоматски тегоби (проблеми со варењето, главоболки, зголемен холестерол, крвен притисок…);
  • Сексуални проблеми.

Работи кои ја „хранат“ анксиозноста

Понекогаш одредени активности за кои сметаме дека ќе ни помогнат во контролирањето на анксиозноста, всушност тоа го не прават, туку само ја хранат и ја продолжуваат:

Борба – борбата измеѓу менталното и физичкото. На ментално ниво, личноста се обидува да ги контролира своите опсесивни мисли, а на телесно ниво свесно или не, стегаат „мускули“. Има хронични тензии во мускулите во рамењата, вратот, темето, дијафрагмата, ногата. Колку личноста повеќе се бори, толку анксиозноста станува појака, а личноста сè повеќе се чувствува уморно, исцрпено и напнато.

Избегнување – на пример, личноста која се плаши од висина, ја избегнува секоја можност да излезе на тераса или да се вози во авион. Избегнувањето само ќе доведе до зајакнување на анксиозноста. Зошто? Затоа што личноста секој пат кога ќе побегне или избегне одредена ситуација во која се чувствува анксиозно, го потврдува чувството на беспомошност и неможност да поднесе анксиозност.

Анализа – подразбира обид за ментална контрола. Односно личноста се обидува да ги контролира своите мисли, чувства, постапки за да не дојде до губење на контролата и напади на паника. Но, несвесно со тоа само се зголемува дејството на негативните мисли.

Scroll to Top