Доколку немаме доволен број на црвени крвни зрнца (еритроцити) во крвта, кои би носеле одредена количина кислород до сите клетки во телото, тоа укажува дека страдаме од анемија (слабокрвност). А со анализа на крвта во лабораторија, ниското ниво на хемоглобин во крвта може да ни го допотврди тоа.
Во многу случаи, причина за анемија (слабокрвност) е ниското ниво на железо, фолна киселина, витамин Б12 и витамин Ц во организмот, па затоа добрата и здрава исхрана е клучна во борбата против анемијата.
Симптоми на анемија
Најчести симптоми на анемија се:
- хроничен замор,
 - низок крвен притисок,
 - чувство на слабост,
 - забрзано чукање на срцето,
 - главоболка,
 - вртоглавица,
 - чувство на студени раце и ладни стапала,
 - несоница,
 - депресија,
 - раздразливост,
 - крварење на непцата,
 - проблеми со кожата,
 - бледо лице,
 - косопад,
 - кршливи нокти.
 
Ако ја промените вашата вообичаена исхрана и ако вклучите природна и здрава храна богата со железо и витамин Ц во вашата исхрана, тогаш можете да ја подобрите, па дури и да ја излечите состојбата на анемија.

Магдонос и сок од лимон
Ситно исечкајте 1 китка магдонос и ставете ја во блендер. Додадете чаша вода и сок од 1 исцеден лимон. Добро изматете, па исцедете го сокот и испијте го наутро. Железото од магдонос подобро се апсорбира доколку се внесе во организмот заедно со лимонската киселина.
Салата за анемија
Оваа салата е многу лесна за правење, а нејзините состојки се идеални не само за лекување на анемијата, туку и за луѓе со висок холестерол, за бремени жени и за дијабетичари.
- 3 чаши кафеав грав
 - 1 црвена пиперка исечкана на коцки
 - 1 жолта пиперка исечкана на коцки
 - ½ црвен кромид (ситно сецкан)
 - 1 китка магдонос (исечкан)
 - 2 исцедени лимони
 - 1 лажица маслиново масло, сол по вкус
 
Откако ќе го сварите гравот, добро исцедете го претурете го во сад. Додадете пиперки, кромид и магдонос. Потоа прелијте со маслиново масло, сок од лимон и сол по желба.






