И медот и оревите се многу здрави намирници. Научниците одамна докажаа дека содржат голема доза на важни витамини и минерали, така што благородно делуваат на човековиот организам, а нивната смеса помага да се решите од многу опасни болести.
За да ја подобрите работата на внатрешните органи и целиот систем, би требало почесто да јадете мед со ореви. Ќе ви користи и ако сте под емотивен стрес или ако работите тешки физички работи.
Зошто треба да јадете мед и ореви?
Кога редовно јадеме мед и ореви, во нашиот организам се случува следново:
- Доколку страдате од главоболка, ќе ви помине.
- Ја нормализира работата на системот на варење. За да се решите од затворот, почесто јадете ја оваа слатка смеса.
- Помага за побрзо оправување по породувањето.
- Медот и оревите се незаменливи за женското здравје затоа што содржат супстанци кои го подобруваат дотокот на крв кај органите во малата карлица, а со тоа го зголемуваат и либидото.
- Кај мажите ја зголемува потенцијата.
- За зајакнување на имунитетот – доволно е секојдневно да јадете мала количина смеса. Ако веќе сте добиле настинка, ќе ви помогне побрзо да се ослободите од затнатиот нос и воспалението на грлото.
- Ако страдате од анемија, јадете ја оваа намирница затоа што содржи железо, цинк и манган.
- Мед и оревите го стабилизираат метаболичкото нарушување.
- Се препорачува во текот на интензивната умствена работа да јадете повеќе од овие намирници, кои ја подобруваат концентрацијата.
- Оревите содржат состојки кои ги ублажуваат ревматичните болки.
Како да ја подготвите оваа смеса од мед и ореви
Оваа смеса воопшто не е тешко да се подготви, а подготовката е исклучително лесна.
Помешајте 500 гр. мед со 500 гр. ореви и додадете им сок од еден лимон. Добро измешајте и сипете во стаклена тегла.
Консумирање: За деца постари од 3 години – 1 лажичка два пати дневно.
За возрасни: 1-2 супени лажици три пати дневно.