Напивката за слабеење од јаболка и цимет речиси да нема калории. Таа го зајакнува метаболизмот и врши детоксикација на организмот.
Потребни ви се 2 поголеми јаболка, 3 стапчиња цимет, 1 литар обична вода.
Измиените јаболка исечкајте ги на тенки парчиња, па ставете ги во сад со капак. Додајте ги стапчињата цимет, па врз нив водата. Затворете го садот и ставете го во фрижидер да отстои преку ноќ. Следниот ден испијте ја целата течност.
Кога ќе ја испиете напивката, повторно додадете вода во шишето и оставете да отстои преку ноќ во фрижидерот. Истите состојки можете да ги искористите до трипати.