Научниците создадоа антибеби пилули за мажи

Тим истражувачи од Универзитетот во Вашингтон објавија дека создале пробни антибеби таблети кои се наменети за мажи. Овие пилули ги минале тестовите за безбедност и во испитувањето што траело 28 дена никој од учесниците не покажал несакани дејства на лекот.

Научниците велат дека во составот на апчињата има активното средство и дека тоа се два хормони во едно, комбинација од прогестерон и модифициран тестостерон. Ова овозможува телото секогаш да се одржува во избалансирано ниво со хормоните.

Во текот на испитувањето, мажите биле поделени во три групи и земале таблети од 200 и 400 милиграми активна состојка или добивале таблети со плацибо ефект. Со тестирање е утврдена само безбедноста на лекот, но не и неговата делотворност. За лекот да делува потребни се 60 до 90 дена, во кои ќе се намали произведувањето на сперма кај мажот,а со тоа и ќе се намали можноста на жената да забремени.

Во моментов се вршат нови, тримесечни испитувања на глувци и мајмуни, па откога ќе се утврдат нивните резултати, истите истржаувања ќе се спроведат и на луѓе. Крајната цел на научниците е таблетите да се трансформираат во инјекција затоа што мажите не сакаат секојдневно да пијат апчиња.

Резултатите од испитувањето беа претставени минатиот месец на ЕНДО 2019, годишна конференција на Здружението на ендрокринолози.

Scroll to Top