Ослободете се лесно од салото околу стомакот

Стресот и генетските предиспозиции имаат голема улога во качувањето килограми, но и стилот на живеење влијае врз таложењето на масните наслаги околу стомакот. За лесно да се ослободите од овој проблем, можете да се придржувате до неколку работи што ги препорачуваат експертите.

1. Секојдневно треба да се движите, џогирате, возете велосипед или да пливате, изберете што најмногу ви одговара.

2. Внимавајте на калориите што ги внесувате секојдневно бидејќи повеќето луѓе внесуваат повеќе калории отколку што му се потребни на телото.

3. Намалете го внесот на шеќер и јаглехидрати, оти оваа храна нема никаква нутритивна вредност, а калориите внесени преку оваа храна се „празни калории“.

4. Јадете повеќе протеини, на тој начин ќе изградите здрава мускулна маса која ќе троши калории и додека
одмoрате.

5. Не јадете веднаш по напорниот тренинг. Најдобро е да јадете еден час по завршувањето на физичката активност.

6. Не претерувајте со алкохолот кој е полн со шеќер и скроб.

Придржувајте се до овие препораки и совети за брзо време салото околу стомакот ќе почне да исчезнува.

Scroll to Top