Иако не е познат како медот, прополисот од пчела има голем број здравствени предности.
Oвај елемент на смолата, која е добиен од восок производен од пчелите, има многу лековити својства.
Уште од античко време се користел како третман за рани добиени за време на борбите, како и против инфекции. Прополисот од пчелите е нешто што секое семејство треба да го има во својата домашна аптека. Тој е моќен природен антибиотик.
Лекарите го препорачуваат бидејќи прополисот од пчела има анитмикробни, антиоксидативни, антибактериски и антифунгални својства.
„Овие својства дејствуваат при подигнување на природната отпорност на телата на болести, кои, пак, го поттикнуваат и подмладуваат вашиот имунолошки систем“, објаснува хербалистот Џејмс Грин.
Тој може да игра улога во подобрување на вашето орално здравје, да ја подмлади вашата кожа, а исто така е и извонредно здрав за вашето срце и ги ублажува алергиите од секој вид.