Русите прават вакцина против грип и коронавирус истовремено, пишуваат светските медиуми. Руските научници подготвуваат единствена вакцина, која истовремено ќе ги штити луѓето и од грип и од Ковид-19, соопшти генералниот директор на Националниот медицински истражувачки центар „Алазов“, Евгениј Шлахто.
Според неговите зборови, на овој проект работат неколку групи научници.
„Тоа ќе биде комбинирана вакцина. Ќе ги содржи компонентите што ќе овозможат да се формира имунитет и на грип и на коронавирус“, изјавил Шлахто за телевизијата „Рен“.
0
Тој истакнува дека вакцината е во почетна фаза на развој и дека претстојат тестирања на животни и цела низа клинички тестирања. Притоа веќе се забележани позитивните резултати.
За потсетување, Русија на 11 август е прва земја во светот што регистрира вакцина против коронавирусот. Вакцините ги направиле Центарот „Гамалеј“ и Министерството за одбрана на Русија.