Нивото на крвниот притисок се менува со текот на возраста. Параметрите нема да бидат исти за некој што има 30 и за некој што има 60 години.
Кога е во нормални граници, тој укажува дека состојбата на организмот е задоволителна и дека срцето работи нормално.
Нивото на крвниот притисок зависи од јачината и брзината на срцевите контракции и количината крв што овој орган може да ја испумпа за 1 минута. Исто така, важни се својствата на самата крв и отпорноста на васкуларните ѕидови.
Нарушеното ниво може да доведе до разни проблеми, па затоа треба да се земе предвид.
Познатиот руски лекар Александар Шишонин објаснува дека параметрите, како полот и возраста, одредуваат кое е нормалното ниво на крвниот притисок.

Табела за мажи:
- За 20-годишник нормалните вредности се 123/76
 - До 30 години нормално е нивото да биде 126/79
 - Помеѓу 30 и 40 е 129/81
 - Помеѓу 40 и 50 е 135/83
 - Помеѓу 50 и 60 е 142/85
 - По 70 – 142/80
 
Табела за жени:
- За 20-годишна нормалните вредности се 116/72
 - До 30 години нормално е нивото да биде 120/75
 - Помеѓу 30 и 40 е 127/80
 - Помеѓу 40 и 50 е 137/84
 - Помеѓу 50 и 60 е 144/85
 - По 70 – 159/85
 






