Социјалната анксиозност претставува страв од социјални ситуации – тоа се обично непознати ситуации или ситуации во кои другите ќе ве посматраат и најверојатно проценуваат. Овие социјални ситуации за личноста можат да бидат толку застрашувачки што стануваат анксиозни уште при самата помисла на нив.
Во основа, социјалната анксиозност е страв од тоа дека ќе бидете проценувани од страна на другите или страв дека ќе се посрамотите во јавност. На пример, може да се плашите од тоа дека луѓето за вас ќе мислат нешто лошо или дека ќе бидете помалку адекватни од другите. Иако можеби сфаќате дека вашиот страв е ирационален и претеран и понатаму не можете да се откачите од чувството на анксиозност кое е ве преплавува.
Кои ситуации може да бидат „тригери“ за социјалната анксиозност?
Некои луѓе кај кои се јавува социјалната анксиозност мислат дека се единствени со таков проблем. Меѓутоа, овој проблем е заеднички за многумина. Единствената разлика се наоѓа во тоа што „тригерите“ во кои оваа врста на анксиозност се јавува не се исти за сите луѓе.
Најчести ситуации кои се доживуваат како алармантни се следните:
- Запознавање нови луѓе
- Ситуации во кои сте во центарот на вниманието
- Ситуации во кои изведувате нешто додека другите ве набљудуваат
- Незадолжителни ситуации на муабење
- Јавни настапи
- Ситуации во кои можете да бидете тестирани или критикувани
- Ситуации во кои треба да говорите со важни луѓе или авторитети
- Ситуации кога сте повикани да одговарате на час
- Ситуации кога треба да излезете на состанок со потенцијалниот/ната партнер/ка
- Ситуации кога треба да извршите телефонски разговор
- Користење на јавен тоалет
- Имање испит
- Ситуации во треба да јадете или пиете во јавност
- Ситуации во кои треба да говорите на деловен состанок
- Посета на журки или други социјални собиранки