Со ферментиран зеленчук во битката со коронавирусот

Истражувањето што го спровеле научници од Берлин покажало дека процентот на смртност кај заболените од коронавирус е понизок во земјите каде што е висок процентот на оние кои јадат ферментиран зеленчук.

Последното истражување што го предводел Жан Буске од берлинската универзитетска болница покажало дека стапката на смртност е далеку помала во оние земји каде што се консумира ваквиот зеленчук.

Од таму тврдат дека клучот е во микробиомите и дека промените во истите се предизвикани од современиот начин на живот и сè помало консумирање кисел зеленчук, кое може да ги спречи ширењето и сериозноста на болеста.

Многу типови храна имаат свои антиоксиданси, додека процесот на ферментација ја зголемува антиоксидациската активност на прехранбените производи. Под тоа се подразбираат млеко, овошје, зеленчук и месо.

За тестирање на хипотезата, тимот на научници користеле информации од европската база на податоци за потрошувачката на храна, односно од Европската агенција за безбедност на храната (EFSA). Од тука тие добивале проценка за потрошувачката на различните кисели намирници.

Тука се подразбираат зеленчукот, млекото, јогуртот, киселото млеко и маринираниот зеленчук. Имено, ризикот од смртност од Ковид-19 вирусот се намалил за 35,4% по секој грам на просечна дневна потрошувачка на вкиселен зеленчук.

 

Scroll to Top