Повеќето жени, без оглед на дебелината, имаат целулит од кој не можат лесно да се ослободат. И покрај бројните третмани, потребна е здрава исхрана, физичка активност и да пиете многу вода, советуваат експертите. Но, најефикасниот начин да го намалите целулитот е со вежби. Фитнес-тренерите препорачуваат неколку едноставни вежби со кои за две недели ќе ги видите првите резултати. За повеќето од нив не ви е потребна никаква опрема и можете да ги правите дома.