Оваа година во Македонија има 41 нов случај на лица заразени со ХИВ, сите мажи, откри Институтот за јавно здравје. Повеќето од нив се од Скопје и се хомосексуалци. Најмладиот заразен со ХИВ вирусот има 21 година. Според претпоставките на Институтот, на секој откриен случак, има уште еден ХИВ-позитивен кој не знае дека е заразен со вирусот.
Според податоците, во Македонија антиретровирусна терапија земаат 217 лица со ХИВ. Годинава тројца пациенти починале од сида. Првиот случај на ХИВ позитивно лице во земјава е забележан пред 31 година. Оттогаш се регистрирани 400 инфицирани со ХИВ вирусот, од нив 99 лица починале од сида.
Годинашното мото на Светската здравствена организација во борба против ХИВ и сидата е „Осознај го својот статус“. Кон ова се приклучија и македонските здравствени работници кои денес апелираат на безбеден секс, користење кондом и тестирање за ХИВ-вирусот.