Живите завои се креација на руските научници. Овие нови завои се раствораат на самата кожа. Создадени се од биокомпатибилни материјали со протеини од човечка крв. Тие двојно го зголемуваат растот на нови клетки на местото на повредата.
Според информациите објавени во руските медиуми, новиот терапевтски материјал е направен врз основа на поликапролактон (биоразградлив материјал) обложен со тенок филм со антибактериски состав. Антибактерискиот ефект е постигнат со воведување сребрени наночестички во самиот филм (понекогаш биле заменети и со антибиотици) и со плазма протеини на површината.
Овие т.н. живи завои се одлични за превивање рани од изгореници. Резултатите покажале дека кога се применуваат иновативните завои, процесот на регенерација на клетките е двојно побрза двојно. Покрај тоа, тие го спречуваат формирањето лузни. Завојот за време на третманот не треба да се отстранува и менува, со што пациентот е ослободен од болки.
По одреден период, биоразградливите влакна се раствораат во телото без несакан ефект.