Заболените од корона можат да ги покажат симптомите месеци подоцна, предупредуваат експертите. Тоа се симптоми како што се гушењето, хроничниот замор и конфузија.
Ова го покажува новата студија направена на колеџот „Кингс“ во Лондон. Околу десет проценти од заболените се борат со ваквите симптоми кои ги добиле и по неколку месеци откако се заболеле од Ковид-19. Само два процента покажале симптоми по три месеци.
Научниците од Институтот за глобални промени „Тони Блер“ упатиле апел до британската влада за покренување јавна кампања за да предупредат на ваквиот проблем.
Авторите на документот под името „Долготраен Ковид: Анализа на научни резултати и проценки на ризик“, се убедени дека кампањата за информирање ќе придонесе за прифаќање на мерките за сузбивање на вирусот, како што е користењето маски.
Професорот Тим Спектор наведува дека во првите месеци од пандемијата малку внимание е посветено на заразената популација која не била доволно болна за да биде примена во болница, а истата ја сочинува 99% од популацијата.
Се утврдило дека Ковид-19 не е само тежок грип, туку дека кај многу луѓе се манифестира како автоимуно заболување, напаѓа повеќе системи внатре во организмот, пренесува „Блиц“. Научниците сфатиле дека на голем број луѓе не им било подобро по две недели, како што се очекувало.
„Ги следевме и заклучивме дека значителен број имаат проблеми и неколку месеци по инфекцијата“, изјавил Спектор.
„Тоа е другата страна на Ковид-19. Пациенти кои долго време боледуваат и кои можат да станат поголем проблем за јавната заштита, отколку проблем на голем број жртви, при што главно станува збор за чувствителна постара популација“, наведуваат авторите.
Во извештајот се наведува дека Ковид-19 е најзастапен во групата на работоспособното население и дека просечната старост на заболени е 45 години, при што повеќето се болни жени, пренесува „Метро“.
„Како што вели професор Спектор, долготрајниот Ковид веројатно е поголем проблем отколку големиот број жртви, но најважно од сè е ризикот да се разгледува, имајќи ги предвид и економските и другите здравствени последици поврзани со мерките за ограничување поради Ковид“, се заклучува во документот.
Даниел Слит, коавтор на студијата, вели дека долготрајниот Ковид претставува значителен ризик, но дека процената на ризик мора да се направи, имајќи го предвид можното ширење од последиците на ограничувањето, како во економска така и во здравствена смисла.
Тоа мора да се направи кога владите ќе одлучуваат за следните чекори во борбата против коронавирусот, за да се избегне заклучувањето на луѓето по дома.