За почеток на совршен ден не е потребно многу. Денот можете да го почнете со здраво смути кое се подготвува лесно. Потребни ви се блендер, свежо овошје или зеленчук по желба, како и интегрални и овесни снегулки, мед, млеко или јогурт.
Зависно од расположението, можете да искомбинирате најразлични намирници за да го засилите вкусот или да нагласите некој од вкусовите. Смутито е многу повеќе од обичен сок, со внимателно одбрани состојки. Тоа е идеална замена за појадок затоа што е богато со витамини, минерали и протеини.
Ви предлагаме да пробате неколку вкусни комбинации:
- Бобинки (боровница, малина, брусница, капина, јагода) во комбинација со банани, мед и овесни снегулки. По желба можете да додадете малку јогурт или овошен јогурт.
- Зрела крушка, јаболко, портокал, ѓумбир и авокадо. Многу хранлива мешавина исполнета со важни состојки кои се потребни за одбрана на организмот од вирусот
- Банана, чиа семки, какао и млеко. Микс кој ќе ги пробуди вашите сетила и ќе ве подготви вас за новите предизвици.