Зголемени несреќи и инфаркти-лошто влијание на летното сметање на времето

Промената на часовникот или пролетното сметање на времето е воведено во многу развиени земји ширум светот. Но, искуството покажува дека овој метод за заштеда на енергија и подобро искористување на светлиот дел од деноноќието всушност има свои негативни ефекти врз луѓето. Иако поголемиот дел од деноноќието е сончев (што би требало да е радосна вест), летното време се покажува со доста погубни ефекти.

 

Сообраќајни несреќи

Статистиката на глобално ниво покажува дека со преминот кон летно сметање на времето сообраќајните несреќи и инциденти се зголемуваат.

Заедничкиот концепт за случајот е дека дури и малите промени во спиењето и деноноќните ритми можат да ја менуваат човечката внимателност, во некои случаи до фатален крај.

Зголемување на повредите на работното место

Оваа статистика се однесува најмногу до професиите кои кријат реален ризик од физичка повреда, на пример рудари, возачи и работници во индустријата, како и оние што работат со некој вид опасни машини.

Сепак, историјата покажува дека и вработените  во канцеларија трпат некој вид повреди на работното место, без оглед на фактот дека канцелариските згради се сметаат за обезбедена средина без физички ризичен труд.

Весникот Applied објавува психолошко истражување спроведено во 2009 година, чиј заклучок е дека работниците во рудниците, пристигнале на работа со  пократок за 1 час сон биле со поголема веројатност да се повредат за време на извршување на службата.

Истражувачите го објаснуваат тоа со недостатокот на сон во текот на топлиот дел од годината.

Повеќе инфаркти

Тим од шведски научници спроведоа истражување во 2008 година, што покажува дека процентот на срцеви удари во текот на првите три дена од промената на зимно сметање на времето со летно бројот на случаите поврзани со срцеви проблеми и инфаркти се зголемил за 5%.

Научниците повторно ги припишуваат причините за зголемување на негативната статистика на недостатокот на сон. Хормоните на стресот почнуваат да се ослободуваат во поголеми количини. Тоа ги зголемува воспаленијата во ткивата, што од своја страна води до потешки компликации, од кои една е инфаркт.

Сурфање низ мрежата

Зголеменото бесцелно сурфање на интернет може и да не спаѓа во графата физички повреди, но исто така е негативна последица од мрзеливост и опуштеност, кај притисокот луѓето за време на промената на астрономското време со летно.

Овој негативен ефект од преминот кон летно сметање на времето чини стотици илјади загуби на работодавачите и компаниите.

Во 2012 година A Journal of Applied Psychology објави студија која покажува дека зачестеноста на бесцелно сурфање на мрежата значително зачестува во првиот работен понеделникот по фактичка промена на времето.

Зголемување на главоболките

Деноноќните ритми контролираат огромен дел од процесите во организмот, вклучувајќи секреија на одредени хормони кои влијаат на расположението, гладот, спиењето.

Кога овие ритми ќе бидат прекршени, дури и само со еден час, човечкото тело веднаш ја забележува разликата и реагира, доста често со болка.

 

 

Scroll to Top