Бојата на очите на бебињата често се менува. На децата со сини очи по неколку месеци очите се затемнуваат и добиваат друга боја. Причината за ова е меланинот. Кога присуството на меланин во очите на бебето е мало, нивната боја е светла. Поради малата количина меланин многу бебиња се раѓаат со сини очи, а тие подоцна стануваат темни.
Бојата на очите се менува од шестиот до деветтиот месец. Во тој период се урамнотежува количината на меланин. Кај некои деца промените се толку мали, што промената на бојата е само во нијансите.
За бојата на очите на децата голема улога играат и гените. Од оваа причина некои деца имаат боја на очите различна од бојата на очите на родителите. Детето ги наследува гените кои родителите ги пренесуваат на него, но и дел од гените на предците.
Поради грешка во развојот на пигментите, некои бебиња може да имаат очи со различна боја. Тоа се третира како генетско пореметување или хорнеов синдром.