Маж од Најроби дознал дека сопругата го изневерува откако повикал водоинсталатер да ја одзатне тоалетната школка. Мајсторот открил дека водоводните цевки се запушени со преку 60 кондоми, што ги користеле сопругата и нејзиниот љубовник, па ги фрлале во шолјата.
„Забележавме дека водата оди потешко, а се случува и фекалиите да се вратат назад. Бев изненаден бидејќи куќата е нова. Повикав водоинсталатер и се шокирав кога ми кажа дека проблемот се искористени кондоми. Ми се потсмеваше мислејќи дека јас сум го правел тоа, па ми рече никогаш веќе да не ги фрлам во шолја“, раскажал мажот за порталот „тико.ке“.
Тој вели дека се изненадил, бидејќи со сопругата не користеле заштита. Таа му признала дека има љубовник. Двојката е во брак пет години и имаат две деца. По оваа случка, мажот сакал да се разведат, но локален тревар ги убедил дека треба да си дадат уште една шанса, пренесува порталот.