Ултра ефект: комбинацијата на неколку козметички состојки гарантира сјајна кожа

Ако сте решиле дека е време да ја подигнете вашата рутина на повисоко ниво и да ги комбинирате состојките во негата на кожата, тогаш е многу важно да знаете кои се најефективните комбинации на козметички состојки.

Покрај изборот на формули кои одговараат на вашата состојба и тип на кожа, многу е важно производите што ги користите да се надополнуваат еден со друг за навистина да ги видите резултатите. Ако мешате состојки без соодветно знаење, можете да направите повеќе штета отколку корист. Сепак, овие неколку состојки прават совршена комбинација на активни козметички состојки на кои нема да одолеете, а ќе бидете презадоволни од нивниот ефект.

Доколку сакате вашата кожа да биде здрава, неопходно е да изберете состојки кои ќе ви помогнат во тоа. Овие четири состојки се неопходни за младешка и здрава кожа.

Витамин Ц

Витаминот Ц е една од најпопуларните состојки во негата на кожата. Секако, има добра причина за тоа: одговара на речиси секој тип на кожа, а освен тоа, обезбедува хидратација и го стимулира производството на колаген, кој помага во борбата против стареењето на кожата. Но, неговите корисни својства не завршуваат тука. Ја штити кожата од оштетување, може да ја намали хиперпигментацијата и може да ја намали појавата на темни кругови.

Ниацинамид

Ниацинамид и помага на кожата да изгради протеини и да ја задржи влагата. Го стимулира производството на кератин, кој ја одржува кожата чиста и здрава. Исто така, ниацинамид го намалува црвенилото и дамките на кожата, а дополнително помага во борбата против воспалителните процеси на кожата. Заштитува од оштетување на сонцето и ги регенерира клетките на кожата. Едно од омилените ефекти на ниацинамид е секако тоа што успешно ги минимизира и измазнува брчките.

Ферулна киселина

Ферулна киселина е антиоксиданс од растително потекло кој првенствено се користи во производи против стареење. Се бори против слободните радикали и може да го забави процесот на стареење на клеточно ниво, а се смета дека тоа го прави со заштита на колагенот и еластинот, кои се одговорни за младешкиот и затегнат изглед на кожата.

Хијалуронска киселина

Хијалуронската киселина е природен гликозаминогликан кој се наоѓа во сврзното ткиво на телото. Тој и дава структура на нашата кожа и е одговорен за сјајниот изглед на вашата кожа. Познат е по своето дејство против стареење, но исто така е многу корисен за хидратација, заздравување на брчките, зголемување на еластичноста на кожата и е многу ефикасен во борбата против брчките.

Scroll to Top