Фаизали Абдула, малезискиот дизајнер пред осум години и покрај големата економска криза во светот, реши да го дизајнира најлуксузниот фустан кој го нарече „Nightingale of Kuala Lumpur“.
Креацијата е направена од свила, шифон и сатен, а опточена е со 751 дијамант од 70 карати.
– Акциите паѓаат, вредноста на златото опаѓа, но дијамантите се вечни. Ова е фустан со дијаманти. Зошто да се враќаме наназад? Зошто да не одиме напред?, изјави дизајнерот.
Компанијата „Stylo“ е задолжена за продажба на најскапите фустани во светот, а менаџерот Ненси Јео истакнува дека оваа креација е вистинско уметничко дело и има доволно богати луѓе кои би сакале да ја купат. Фустанот чини 30 милиони долари.