(Галерија) Модни утки кои ѕвездите сакаат засекогаш да ги избришат од биографијата

И познатите дами често се зафркаваат на своја сметка за модните комбинации во кои некогаш шетале по црвените теписи и велат дека денес се срамат од нив.

Ева Лонгорија без проблем може да го издвои модното издание кое најрадо би го заборавила и избришала од својата модна биографија. Во прашање е комбинацијата која ја носеше на премиерата на филмот „Томб Рајдер“ пред 18 години. На црвениот килим се појави во комплет составен од фармерки и јакна под која не ни носеше градник.

„Тоа беше пред да имам стилист. Бев облечена во кожа од глава до пети. Изгледав како да одам на некоја тематска забава. Цела деценија само го покажував стомакот. Ева, можеш ли да престанеш да носиш кроп топ? Мораш ли да го носиш на секој црвен тепих?“, се нашали симпатичната глумица на сопствена сметка во една прилика.

За жал, Ева не е единствената позната дама која зад себе има модно промашување.

Софија Вергара нанижа неколку доста лежерни изданија на црвениот тепих поради кои денеска малку поцрвенува од неугодност. Еднаш на забавата воочи доделувањето на престижните телевизиски награди Еми, дојде во прилично лежерно издание какво денеска не носи ниту во приватниот живот, а камоли на свечените настани.

Исто толку лежерна беше и на забавата воочи доделувањето на МТВ наградите.

Џесика Алба своевремено не можеше да одолее на трендот на носење фустани и туники врз фармерките.

Легендарно лошиот фустан на Бритни Спирс и ден-денес се памти како едно од најлошите модни изданија некогаш видени, но тогаш славната пејачка беше главна фаца на црвениот тепих.

Во галеријата, погледнете уште колку модни катастрофи на познатите дами.

Scroll to Top