По 18 месеци континуирано организирање виртуелни ревии поради глобалната пандемија, Лондонската модна недела повторно блесна со својот стар сјај. Големите дизајнерски играчи, како Кристофер Кејн и британската модна куќа „Барбери“, овој пат недостигаа во распоредот на Модната недела, па младите дизајнерски таленти, како Реџина Пио и Ненси, се најдоа во центарот на вниманието на јавноста.
Што ни најавува последната модна недела?
Враќањето на секси фустанте и сочните комбинации на бои се само некои од трендовите од Лондонската модна недела што целосно ќе доминираат во сезоната пролет/лето 2022 година.
Засега има 4 главни трендови што сигурно ќе доминираат:
1. Впечатливи бои
2. Модни парчиња со тенки прерамки
3. Бикини и градници наместо топови
4. Бајковити бели фустани