Адвокатката Амал Клуни стана позната по венчавката со Џорџ Клуни, а за кратко време им стана пример на многу жени во светот. Таа е образована, амбициозна и успешна жена. Освен тоа, и нејзиниот стил е беспрекорен. Таа одлично ги познава сите модни правила и трендови.
Правило 1: Фустан што одговара на обликот на телото
Гардеробата не се избира според трендовите, туку според она што најдобро ѝ прилега на градбата. Амал обожава да носи фустани и најдобро се чувствува во нив, но никогаш не би ги носела по секоја цена, само затоа што се во тренд.
Правило 2: Бојата на чевлите се усогласува со бојата на фустанот
Таа речиси секогаш го почитува ова правило и вели дека така можноста за правење грешки е сведена на минимум.
Правило 3: Секогаш се вложува во квалитетен капут
Амал е сигурна дека секоја жена мора да има во плакарот барем еден модел на добро скроен капут. Таа предлага еден во впечатлива боја, кој секој стил на облекување ќе го направи интересен.
Правило 4: Во некои пригоди потпетиците не се добар избор
Поголемиот дел од времето го поминува во судница и најчесто е на високи потпетици, но вели дека тие некогаш не се најдобрата опција. Кога не е во судот, со задоволство избира рамни и удобни обувки.
„Никако немојте да носите потпетици по секоја цена. Жената може одлично да изгледа и во рамни обувки, а во некои пригоди, едноставно, е непримерно да ги носите“, вели таа.
Правило 5: Помалку е повеќе
Таа обожава модни додатоци, но никогаш не претерува. Верува дека едно парче накит е сосема доволно за да се надополни секој стил и изглед.
Правило 6: Големо ДА за посмели комбинации
Кога излегува, нејзиниот стил е малку похрабар. Таа обожава да ја покажува својата вита фигура, но со мерка. Вели дека нема ништо против кратки маици и фустани ако тоа не ја преминува границата на пристојноста.