(ФОТО) Фатиме слави роденденска журка

Со шведска маса, златни балони и музика за расположение, специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, вечерва го слави 33. роденден. Само одбрано друштво, блиски пријатели и соработници се на забавата на Фетаи. Журката е во едно познато скопското кафуле, а роденденот на Фетаи поминува со многу дружба и подароци. Покрај колегите од обвинителството, тука се и Катица Јанева и Ленче Ристовска, нејзините најблиски, но и  новинарот Огнен Јаневски и Нора Шаќири, со кои таа постојано се дружи, а и зимата беше во диско.

Обвинителката била облечена во жолт фустан, во комбинација со високи потпетици. И овој пат Фатиме не потфрли со стилот.

На роденденската забава се свири музика во живо на гитара. Омилените песни на Фатиме, странски, македонски и српски хитови, биле изборот на обвинителката за гостите.

А. Георгиев

Scroll to Top