(ФОТО) Миланка Рашиќ со згоден манекен на Виенски Бал

Познатата водителка Миланка Рашиќ, вчера беше на Виенски бал во скопскиот хотел „Александар Палас“. Таа се пофали и на својот Фејсбук профил, каде сподли фотографии. Миланка беше во друштво на познатиот манекен со интернационална кариера Павле Николовски.

Вчеравечер во Скопје, во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ и под покровителоство на Амбасадата на Република Австрија во Македонија, се одржа традиционалниот 19. „Виенски бал“ во Скопје.

Ноќ на гламур, музика и танц. Од лани  „Виенски балСкопје“ е ставен и на светската мапа на виенски балови. Професионалниот оркестарот „Јохан Штраус“ музицираше под диригенство на Бисера Чадловска. Танчерите на танцовиот клуб „Прима Данца“ изведо атрактивни танцови точки, а магијата на балетските точки на сцената на балот  ја донесоа првенците на Балетот при МОБ – Марија Кичевска и Бобан Ковачевски. Гостите ги забвауваа „Тумбао салса бенд“, Нина Јанева, Горан Папас и „2Еxit“.

Scroll to Top