(Фото) Се ожени градоначалникот на Карпош, невестата без венчаница

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се ожени со својата долгогодишна девојка Ивана Анѓеловска. На венчавката тој носеше црн костум со црвена вратоврска, а Ивана избра сребрен коктел-фустан наместо венчаница и бидермаер од црвени рози.

Фотографија од венчавката на Стефан и Ивана се појави на социјалните мрежи, па 28-годишниот Богоев доби бројни честитки и желби за долг брак и многу деца од своите пријатели и следбеници.

Стефан и Ивана се верија во февруари по осумгодишна врска. Градоначалникот ја запроси Ивана со стил, со голема торта во форма на кутија за накит и со прстен изработен од фондан, на која пишуваше “Ќе се омажиш ли за мене“.

Богоев е најмладиот градоначалник од СДСМ.

Scroll to Top