Форбс ги избра петте природни чуда на Балканот, кој мора да се посетата. Високи планини, долнини и разновидност на автохтони видови се само некои од убавините што ги чекаат посетителите на овој историски регион пипува Форбс.

НАЦИОНАЛЕН ПАРК УНА 

На западниот раб на БиХ, овој парк ги има најпрекрасните водопади на Балканот. Штрбачки Бук е највисок со своите 25 метри, а некои од најпознатите се во малото село Мартин Брод. Дел од паркот е и тврдината Островица, која потекнува од 15. век.

НАЦИОНАЛЕН ПАРК ТАРА

Според Форбс и Тара е место кое мора да се види. Четири часа југозападно од Белград се наоѓа оаза на недопрена природна убавина. Тука се и фасцинантните историски реликвии како манастирот Рача од 11. век, а сите кои сакаат див свет, треба да одат во срцето на паркот. Областа е покриена со недопрена зимзелена шума, која е дом на рисови, волци, кафеави мечки. 

НАЦИОНАЛЕН ПАРК ПИРИН

Исполнет со спектакуларни планини е југозападниот крај на Бугарија, на Пирин. Ова е простор од околу 240 квадратни километри, со големи пространства на стара борова шума и над 200 различни животински видови.

НАЦИОНАЛЕН ПАРК БУТКОВСКО ЕЗЕРО (КЕРКИНИ)

Создадено во 1932 година со изградбата на брана на реката Струма, езерото се наоѓа меѓу планините Беласица и Круша во Егејска Македонија .  Во изминатите години, тука се регистрирани над 300 видови птици, а меѓу главните атракции се пеликани и фламинга, па ова место е рај за сите кои сакаат да набљудуваат птици.

НАЦИОНАЛЕН ПАРК ВАЛБОНА

Албански Алпи како што ја нарекуваат е долината чии дел е од планинскиот масив Проклетие. Покрај идиличните села, тука доаѓа до израз и богатството на биодиверзитетот на западниот дел на Балканскиот Полуостров.