Ќерката на Дарио се разведе по една година брак

Ќерката на поп-пејачот, Дарио, Андреа Панковска, се разведе по една година брак со сопругот Теодор. Лани, летото двојката правеше венчавка во Охрид, потоа и свадба. Дарио тогаш сподели фотографии на социјалните мрежи кои привлекоа внимание во јавноста. Сепак, двојката повеќе не е заедно, а веста за разделбата за Репортер ни ја потврдија повеќе нивни блиски пријатели.

Лани кога Дарио сподели фотографии од интимната венчавка на својата ќерка во Охрид, рече дека не очекувал толку тоа да привлече внимание, од причина што ретко споделува семејни фотографии.

Тогаш, само еден месец по свадбата, тој беше гостин во студиот на Репортер, па ни раскажа колку е радосен за својата ќерка, но и за интимната венчавка во Охрид.

„Додека го играа првиот танц, не сакав ни да ги фотографирам, затоа што сакав таа слика засекогаш да ми остане во главата“, ни раскажа тогаш Дарио.

 

Scroll to Top