Кили под итно го продава станот  

Актерот Кирил -Поп Христов, го продава станот во скопската населба Капиштец, каде повеќе од 20 години  живее со сопругата Гордана Деан.

Тој и на својот фејсбук профил, јавно објави дека му се брза и дека, ургентно го продава станот во кој досега живееле.

„ Никогаш не сакавме да го продадаеме, зошто вреди многу повеќе од вистинската вредност. Но, го продавам, оти е ургентно“, вели актерот.

По оваа објава, следеа и коментарите на неговите пријатели, меѓу кои и претпоставките дека актерот веројатно пак си заминува од Македонија.

“Не го продавај, Кили, не си оди пак“, стои во коментарите.

Домот на актерот во Капиштец

Актерот пред неколку години со семејството се пресели во Еквдаор, а пред Нова Година, тој си дојде во Скопје. Велат, дека сега пак се спрема да замине.

Scroll to Top