Некој собира пари од нашата несреќа

Семејството на починатиот модел и фитнес тренер Александар Грујовски демантира дека собираат донации за да го донесат телото од Малта во Македонија. Вчера на социјалните мрежи се прошири линк преку кој наводно родителите на Александар бараат 10.000 долари за да можат да го пренесат неговото тело во родната земја. Откако „Репортер“ објави текст дека е отворена сметка за донации, реагираше член на неговото семејство со апел да се повлече текстот оти не е вистина.

„Ова само му нанесува дополнителна болка на семејството“, стои во нивната реакција. „Не бараме никаква помош. Некој собира пари на нашата несреќа“.

Од семејството на Александар додаваат дека е пријавено е до надлежните органи кои го бараат лицето што ја отворило сметката за донации.

Според податоците на сајтот, досега се собрани преку 14.000 долари.

29-годишниот Александар загина при пад од карпа на Малта на 2 март при прошетка со девојката.

Scroll to Top